24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕфикасен домашен раствор кој ќе ви помогне при болно грло

Ефикасен домашен раствор кој ќе ви помогне при болно грло

Ова средство ефикасно го „извлекува“ секретот од грлото, го намалува болниот оток и ја отстранува иритацијата на грлото.

Ако вашето грло е суво, црвено, болно и воспалено, чувствувате гребење или голтањето ви е отежнато, подгответе го овој едноставен раствор: во шољичка топла вода ставете една четвртина лажичка сол.

Ова средство ефикасно го извлекува секретот од грлото, го намалува болниот оток и ја отстранува иритацијата на грлото. Неговото дејство се објаснува со фактот дека предизвикува лачење на имуноглобулин, создавајќи така локален имунитет на слузокожата. За посилен ефект можете да додадете и малку сок од лимон.

Со солениот раствор правете гаргара во текот на денот по потреба, а за дополнителен смирувачки ефект ставете и една лажица мед. Можете да правите гаргара и со чај од камилица или бел слез (неговата слуз ја обложува слузокожата, создавајќи заштитен слој) кој го смирува надразнетото грло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП