29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе биде со работниците во секторот нафта и гас по енергетската...

Што ќе биде со работниците во секторот нафта и гас по енергетската транзиција?

Пандемијата Ковид-19 придонесе за загуба на стотици илјади работни места во глобалниот енергетски сектор по неколкумесечни ограничувања што го блокираа пристапот на луѓето до работни места и банкротираа многу нафтени и гасни компании.

„Бидејќи Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) и некои влади инсистираат на транзиција кон зелена енергија, ова може дополнително да ја влоши работната сила во секторот за нафта и гас“, изјави Фелисити Бредсток за „Oilprice“.

Ако овој план се имплементира на глобално ниво, тогаш индустријата ќе мора да бара да се воведат јасни политики за да се обезбеди создавање работни места и преквалификација за милиони луѓе кои ќе ги загубат своите работни места.

По конференцијата на ОН за климата, позната како „COP26“, на почетокот на ноември, на која присуствуваа голем број светски лидери и претставници на еколошки организации, беше договорено дека светот мора да помине низ енергетска транзиција, преминувајќи од фосилни горива кон алтернативини како што се обновливите извори на енергија. Но, напуштањето на главните светски енергетски извори значи и напуштање на големите инфраструктури и кратење на милиони работни места, освен ако не постои план за преориентирање на енергетските структури и работниците во оваа транзиција.

Приближно 400.000 работни места беа укинати во енергетскиот сектор во 2020-та година, од кои половина само во САД. Некои од најстабилните нафтени гиганти беа принудени да ги намалат отпуштањата, при што „Exxon“ ја намали својата работна сила за 15 отсто, или околу 14.000 вработени, а да не зборуваме за помалите компании кои на крајот банкротираа.

Со спроведувањето на политиките за енергетска транзиција, нафтениот сектор се очекува дополнително да се намали, за околу 20% во следната деценија и за 95% помеѓу 2031-ва и 2050-та година.

Бидејќи фабриките за јаглен во САД и Европа се затвораат со зголемена стапка, јасно е дека губењето на работни места во изминатата година е само почеток на долг процес. Ова предвремено затворање на централните е поврзано со ветувањата на големите економии за намалување на нивниот јаглероден отпечаток.

Британската влада планира постепено да го укине производството на јаглен до 2024-та година, една година порано од првично планираното. Електраните во САД минуваат низ слична транзиција, а постројката во близина на Нукла, Колорадо, ќе биде затворена три години порано од планираното.

Иако ова е добра вест за еколозите, бидејќи емисиите на јаглерод ќе се намалат, тоа може да биде катастрофа за многу заедници кои продолжуваат да се потпираат на работните места во енергетскиот сектор.

Покрај губењето на работните места, неколку населби лоцирани во близина на локациите за производство на фосилни горива може да очекуваат огромни загуби на приходи, освен ако не се направи нешто за поддршка на локалните економии за време на зелената транзиција.

Во случајот со Нукла, невработеноста во малиот град преку ноќ се удвои. И тоа би можело да се случи повторно во други градови во услови на планови за затворање на дваесетина електрани на јаглен во САД во оваа деценија.

Сепак, некои експерти укажуваат на огромниот потенцијал на овие места за надградба на постоечката енергетска инфраструктура за да може да се користи за други цели.

Во овој поглед, Соединетите Држави имаат огромно искуство во справувањето со проблемите како што се намалувањата на работните места поради преголемото потпирање на специфични индустрии, како што се индустријата за челик и дрво, но можеби ниту една од нив не е толку голема како секторот за фосилни горива.

Само во САД, секторот за нафта и гас вработува околу 160.000 луѓе. Приближно 50.000 луѓе се вработени одделно во ископувањето јаглен, според Бирото за статистика на трудот. Ова е само дел од вкупниот број вработени вклучени во фосилните горива во Соединетите Држави преку сродните индустрии.

„Иницијативите како што е Планот за фер транзиција во Колорадо, создаден во 2020-та година за поддршка на работниците во транзиција, би можеле да им помогнат на заедниците да станат помалку зависни од индустриските промени. Други држави развиваат слични стратегии за да обезбедат работници да не бидат отпуштени бидејќи производството на фосилни горива се намалува. Но, тоа ќе бара значително финансирање и политичка поддршка на федерално ниво, со оглед на тоа колку работни места се во прашање“, рече Бредсток.

Многу работници во секторот за нафта и гас не сакаат да се занимаваат со друга професија , а да не е поврзана со ископувањето на фосилни горива, зато што веројатно ќе заработат пониски плати.

Но, оптимистички е во овој случај што веќе гледаме зголемување на бројот на работни места во секторот зелена енергија, достигнувајќи 12 милиони ширум светот. Ова е зголемување во споредба со пријавените 11,5 милиони вработени во 2019-ра година. Најголем дел од овие работни места се во Кина, која сочинува околу 39 отсто од пазарот на трудот, а потоа следат Бразил, Индија, САД и Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП