25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве кои апликации за разговор ги споделуваат вашите податоци

Еве кои апликации за разговор ги споделуваат вашите податоци

Некои апликации за пораки споделуваат повеќе кориснички податоци кога тоа ќе биде побарано.

Корисниците на телефони обично имаат голем број платформи за социјално вмрежување на кои се активни на дневна основа. Меѓу нив има специјални апликации кои се наменети само за пораки.

Додека овие апликации понекогаш може да содржат чувствителни информации што корисникот сака да ги задржи за себе, протечениот документ открива дека двете главни апликации за разговор – „WhatsApp“ и „iMessage“ – споделуваат големи количини на податоци со ФБИ.

Веста доаѓа од документот објавен од ФБИ (Федерално биро за истраги), кое ја претставува разузнавачката и безбедносната владина служба во САД. Документот откри дека „WhatsApp“ на „Facebook“ и „iMessage“ на „Apple“ и даваат најмногу информации на агенцијата. ФБИ исто така може легално да извлече информации од која било апликација за пораки.

Според документот, „WhatsApp“, „iMessage“ и „Line“ понудиле „ограничена“ содржина на пораки врз основа на барање од ФБИ.

Додека овие платформи доброволно понудија „некои“ податоци, апликациите како што се „Signal“, „Telegram“, „Threema“, „Viber“, „WeChat“ и „Wickr“ не открија никаква содржина од пораките.

Се разбира, споделените информации можеби не се безопасни. ФБИ може да добие информации од адресарот и од „цел“ и од контакт, доколку има налог за пребарување

Ситуацијата е покомплицирана за корисниците на „iMessage“. Ако корисниците на „iMessage“ направат резервна копија на нивните пораки и разговори на „iCloud“, ФБИ има пристап до вистинската содржина на пораката, бидејќи „Apple“ треба да го предаде клучот за шифрирање „iCloud“ доколку има налог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП