Евтините авиокомпании се најчестиот избор на патниците кои сакаат на картите да заштедат некој денар до одредена дестинација каде ќе патуваат.
Сепак, оние кои летале барем еднаш со нискобуџетна компанија забележале некои трикови што ги користат компаниите за да им одземат екстра пари на патниците.
Принципот на работење на овие компании е дека се се наплаќа.
Најочигледен начин на дополнителна заработка на овие компании е наплатата на багажот.
На пример, ако вашиот билет до Минхен чини 80 евра, за куфер треба да доплатите дополнителни 20 евра.
Доколку пропуштите да го пријавите багажот на интернет, тие ќе ви наплатат на самиот влез трипати повисока цена.
Затоа бидете внимателни при резервација на авионски карти кај нискобуџетните авиокомпании.