29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАОбјавена нова корона-мапа на ЕУ

Објавена нова корона-мапа на ЕУ

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова корона-мапа на Европа, која ја ажурира секој четврток.

Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација, а врз основа на оваа карта, секоја земја може да ги заостри условите за влез.

Што се однесува до овонеделната мапа, ниту една земја се уште не е во зелената зона, а состојбата е влошена.

Како и во претходниот период, преовладуваат црвената и темноцрвената зона, додека мал број делови од Европа се во портокаловата зона.

Сепак, за разлика од минатата недела кога поголемиот дел од Италија беше во портокаловата зона, оваа недела неколку региони преминаа во црвената зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП