28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M се сели во Африка

H&M се сели во Африка

H&M2

Шведскиот производител на облека „H&M“, поради растот на трошоците во Азија, постојано е во потрага по поевтино производство, со што најави отворање на фабрика во Етиопија.

Производството на шведската компанија, која е втора по големина во светот во овој сектор, во голем дел се одвива во Азија. Околу 80 проценти од вкупното производство е сместено во Кина, Индија, Бангладеш и Југоисточна Азија.

Меѓутоа, меѓу 2004 и 2012 година платите во Кина се зголемени за 181 процент и тој раст продолжува. На тој начин трошоците за производство на облека во Етиопија се двојно помали од оние во Кина, покажува моменталната статистика.

За компанијата „H&M“ Етиопија има и географска предност, со оглед на тоа што таа е поблиску до главните пазари во Европа, така што и трошоците за транспорт ќе бидат помали, а и роковите за испорака пократки.

„H&M“ нема да биде единствената компанија која се интересира за Етиопија, кон овој пазар се насочија и повеќето британски компании, како и кинеските производители на чевли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП