25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри сценарија: Како омикрон ќе влијае на економијата

Три сценарија: Како омикрон ќе влијае на економијата

Берзанските аналитичари предупредуваат дека неизвесноста околу новиот вид на коронавирус најверојатно ќе продолжи да влијае на однесувањето на инвеститорите и движењата на пазарот.

Засега се проценува дека нема да се повтори сценариото од петокот, кога се појавија вестите за новиот вид, и кога европските индекси паднаа за повеќе од три отсто, а американските за над два отсто.

На почетокот на неделата беа објавени вести за досега благите случаи на заболени предизвикани од омикрон, што би значело дека нема да има посериозни потреси во економијата. Засега има смирувачки ефект на берзите, па индексите почнаа да растат во понеделникот.

Во меѓувреме, економистите на инвестициската групација Голдман Сакс развија неколку сценарија за потенцијалното влијание на новата варијанта на вирусот врз глобалниот економски раст.

Еден од нив е дека вирусот омикрон е лажна тревога без значително влијание врз растот и инфлацијата.

Лошото сценарио, во кое омикрон се шири побрзо од претходната делта варијанта, предвидува дека следната година глобалното ниво на економски раст би изнесувало 4,2 отсто, а тоа би било пад од 0,4 во однос на нивната сегашна прогноза.

Зборувајќи за второто сценарио, се вели дека ако се покаже дека омикронот е само малку попренослив од делта, но и дека предизвикува многу помалку сериозни болести, тоа би било т.н. нормализирано сценарио во кое глобалниот економски раст би можел да биде повисок од нивната основна прогноза, а инфлацијата би се намалила.

Сепак, како што најавија, додека не се знае повеќе за самиот омикрон и изгледите за секое од овие сценарија, нема да ги менуваат своите прогнози поврзани со растот, инфлацијата и монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП