20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧикаго Булс во ерата на Џордан – најдобра династија во историјата на...

Чикаго Булс во ерата на Џордан – најдобра династија во историјата на НБА

Екипата на Чикаго Булс, која од 1995 до 1998 година трипати беше НБА-шампион, е прогласена за најдобра династија во историјата на лигата.

Во гласањето на европските новинари, влијателни и познати личности и навивачи одлучено е дека немало подобри од оние кошаркари што ги предводеше феноменалниот Мајкл Џордан.

„Биковите“ тогаш стигнаа до триплета, втора во историјата на клубот, но овој пат творецот беше тренерот Фил Џексон, но и Џордан, Пипен, Родман…

Во сезоната 1995/1996 го поставија тогашниот рекорд со 72 победи и само 10 порази. Тој беше во сила сѐ до 2016 година кога Голден Стејт стигна до 73 победи и само 9 порази.

Стартната петорка на оваа славна генерација кошаркари ја сочинуваа: Џордан, Пипен, Харпер, Кукоч и Родман.

Ова се резултатите од гласањето:

1. 1995-1998 Чикаго Булс 46 %
2. 1958-1969 Бостон Селтикс 24 %
3. 2015-2018 Голден Стејт Вориорс 15 %
4. 1979-1989 Лос Анџелес Лејкерс 12 %
5. 1980-1987 Бостон Селтикс 3 %

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП