19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалер на Арсенал истепал крадец

Фудбалер на Арсенал истепал крадец

Фудбалерот на Арсенал, Габриел, се пресметал со крадци во својата гаража. Еден од нив е уапсен и ќе лежи во затвор пет години.

Снимката која ја објавија британските медиуми е од август оваа година. Габриел, во тој период се рехабилитирал од повредата на коленото. Крадците го следеле до неговиот дом влегле во неговата гаража, со бејзбол палки му се заканиле и му го побарале часовникот, телефонот и автомобилот „Мерцедес“, вреден 50.000 евра.

Со намера да избгне конфликт, Габриел го дал часовникот, но потоа со тупаница го погодил Абрахам Муњоз. При полицискиот увид била пронајдена ДНК од крадецот. Муњоз веднаш бил уапсен. Бидејќи ова не му бил прв престап тој ќе добие петгодишна затворска казна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП