20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната достигна рекордни 4,9%.

Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 4,9%.

Инфлацијата во еврозоната се искачи на рекордно високо ниво во ноември, покажуваат прелиминарните податоци кои покренаа дополнителни прашања за тоа што ќе прави Европската централна банка (ЕЦБ) на следниот состанок.

Базичната инфлација достигна 4,9% за месецот, во споредба со истиот месец од претходната година. Прелиминарните прогнози беа во просек 4,5%, додека инфлацијата во претходниот месец беше 4,1%. Ова е највисоката инфлација пријавена во еврозоната во последните 25 години, од кога се води ваква статистика.

За зголемувањето на инфлацијата најмногу придонесоа повисоките цени на енергијата. Според европската статистичка служба Евростат, енергетските производи се на пат да забележат најголем годишен раст на цените во ноември од 27,4%, наспроти 23,7% раст во октомври.

Податоците доаѓаат во време кога директорите чекаат повеќе податоци за новата верзија на Ковид-19, наречена Омикрон, која за прв пат беше откриена во Африка минатата недела, пишува „CNBC“.

Ограничувањата за патување предизвикаа загриженост за тоа како ќе страдаат економиите. Експертите велат дека општествата сега се подобро подготвени да се справат со вирусот отколку првите заклучувања, но пазарите се на работ поради веројатноста за нови ограничувања.

Сепак, потрошувачките цени во еврозоната продолжуваат да растат поради поскапите енергетски производи и проблемите со синџирот на снабдување.

Во Германија, земја која историски стравуваше од висока инфлација, порастот на цените достигна највисоко ниво во последните 29 години во ноември. Инфлацијата расте за 6% на годишна основа.

Трендот е ист и во Франција, каде што инфлацијата во ноември достигна 3,4%, што е највисоко ниво од 2008-ма година.

Прашањето е како ЕЦБ ќе пристапи кон високата инфлација и неизвесноста околу пандемијата.

Потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, минатата недела рече дека банката има намера да ја заврши својата програма за купување средства за пандемијата во март. Сепак, играчите на пазарот очекуваат да разберат како финансиската институција ќе ги приспособи своите други инструменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП