19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБинанс го повлекува Догикоин поради Маск

Бинанс го повлекува Догикоин поради Маск

Најголемата светска берза за криптовалути – Бинанс, мора повторно да ги повлече догикоините, по влијателниот твит на Илон Маск. Вистинската причина за повлекувањето е техничката неисправност, што го натера Маск да го оцени случајот како матен.

Повеќе од 2 недели, трговците не можеа да ги повлечат догикоините, поради проблеми со надградбата на мрежата. Бинанс даде изјава дека ова е грешка која е „неверојатна и несреќна случајност“, а не „матна работа“, како што некои (алудира на твитот на Маск) ја оценија.

Извршниот директор на Бинанс, Чангпенг „CZ“ Жао, како одговор на прозивката на Маск, објави линк до неодамнешните вести дека Тесла повлече 12.000 возила поради софтверска грешка. Извршниот директор изјави дека никој не е виновен за грешката, без разлика дали се работи за вработени во Бинанс или ДОГЕ Нетворк и дека никој не знае ништо за многу ретката грешка. Дополнително, во соопштението објавено неодамна се тврди дека никој нема да биде отпуштен во оваа прилика.

За потсетување, вредноста на Догикоин, според КоинГеко, падна за 30% во последните неколку недели. Минатата година доби 6000%, што е последица на наглото зголемување на тргувањето со криптовалути и неговото пошироко прифаќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП