19 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИВолкот е сит, а овците на број

Волкот е сит, а овците на број

volkot

Како инаку да ги коментираме вчерашните случувања кои ни ги испорачаа врвните специјалисти од најдобрата кујна.

Слично како во најдобрите ресторани во кои многу повеќе се полага сметка на естетиката и уметноста при сервирањето отколку на квалитетот на храната, така нам денеска со вонсериска умешност ни беше изнесено во извештајот на пазарниот комитет на САД дека неколку членови се за кратење на програмот за откуп на новокреирани обврзници, а другите не се.

Дека ако евентуално се крати некои од членовите се за побрзо дејствување, но другите се за поспоро (крај на 2013).

Дека ако се крати едни се за една големина други за друга а трети за никаква големина.

Дека за некои е поважно прво да се намали бројот на невработените, а другите се сомневаат дека програмот е во функција на намалување на невработените.

Некои пак од членовите на комитетот сметаат дека покрај постоечкиот програм на откуп на обврзници наместо да се крати треба да се додаде контра програм на црпење на вишокот ликвидност преку друг вид на репо програм.

Единствено повеќето се сложни дека каматната политика не треба да се менува додека бројот на невработени не се приближи до 6,5%, но и сложни се дека работите не се одвиваат со посакувана брзина и тек.

Премногу спротивстеност, различни мислења но и отворени можности за различно реагирање. Дури сега никој не може со сигурност ништо да заклучи освен дека ситуацијата и понатака ке се следи будно и заклучоците дополнително ке бидат изведувани.

Никој не може да знае затоа што очигледно е дека и комитетот нема јасна визија и политика во овој момент и сакаат да му дадат уште бар малку време на постоечкиот програм пред да го намалат, укинат или искомбинираат со друг компатибилен механизам.

Во такви околности, со таква реторика на изразот, помешаност на оптимизам со песимизам, несигурност во начинот и времето на дејствување и финансиските пазари останаа целосно збунети.

Во првичната реакција на пазарот доларот ојакна како резултат на фактот дека исходот за продолжение со олеснителните финансиски мерки пазарот веке беше масивно вграден во цената.

После кратко време кога сите сфатија дека всушност нема ништо што би можеле да го протолкуваме вака, така или онака и самите пазари се завртија и се вратија на почетните вредности односно доларот малку ослабна. Но, со оглед дека и немањето на право решение и идеја најверојатно е лошо решение, повторно по малку изминато време се врати песимизмот на пазарот и доларот повторно се созеде и успеа да ја задржи силата. Колку ке издржи останува да видиме.

Во секој случај сите пазари ценовно се стабилизираа или поточно кажано измешаните и добро изиграни и преплетени зборови и размислувања успеаја да го збунат пазарот и да не предизвикаат пазарна реакција.

 

Извор: Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП