23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако вашите пари да работат за Вас?

Како вашите пари да работат за Вас?

Неспорен факт е дека сите сакаме повеќе пари! Тие ни го олеснуваат животот, ни овозможуваат поголем комфорт и поголема сигурност. Не е лесно да се заработат, но уште потешко е да се заштедат и правилно да се вложат, за потоа тие да пристигаат без да работиме за нив.

Едно е сигурно, нема ништо поубаво од тоа ”Вашите пари да работат за Вас”, со други зборови да заработувате и додека спиете.  За ова немаме дилеми, но како да го постигнете тоа? Најпрво треба да бидете свесни дека никој друг нема да започне да се грижи за вашите пари, доколку вие самите не го напрвиме тоа. Второ, тоа што треба да научите е да започнете првилно да размислувате што е актива и пасива низ призмата на готовинскиот тек. Верувам дека во школо многу погрешно не учеле кога ни кажувале дека секој недвижен имот треба да се смета за актива. Ќе се обидам да Ви објаснам низ еден пример. Дококлу поседувате стан или куќа, тоа за вас претставува пасива затоа што вие имате фиксни, режиски трошоци за неговото поседување, односно одлив на пари.  Но, ако вие решите да го изнајмувате тој имот и доколку приливите што ги добивате се повисоки од трошоците што ги имате за негово одржување, тогаш и само тогаш тој недижен имот ќе претставува за Вас актива.

Сега, кога веќе знаеме дека треба да вложуваме во актива, се отвара прашањето во каква актива треба да инвестираме? Напредокот на технологијата, донесе новитети и во светот на бизнисот, овозможувајќи ни нови, алтернативни инструменти во кои може да инвестираме.

Во што да вложиме, за да во иднина осигураме големи и сигурни приходи. Како да се обезбедиме себеси и своите најблиски. Кои се можностите? Постојат неколку класи на средства во кои може да инвестираме:

  • Крипто
  • Акции
  • Недвижен имот што носи приход
  • Во “стартап” компании
  • Авторски права од интелектуална сопственост

Повеќето од нас, кога се во прашање парите сакаме да играме на сигурно и да се чуствуваме безбедно. Стравот е тој што не тера да работиме напорно и да ги чуваме своите пари во банка на “сигурно”. Но, дали штедењето е без ризик? Не сосем. Каматните стапки во последните неколку години постојано се намалуваат и се сведени на минимум, а во некои земји се негативни. На прв поглед парите се осигурани, но ризикот е дека не може да се победи инфлацијата. Тоа значи дека со текот на времето, куповна моќ на парите се намалува. Оттука, логично е да си го поставиме прашањето дали е тоа вистинскиот избор.

Зарем не треба да ги превземам работите во свои раце, да се информирам и едуцирам подобро и да ги разгледам сите предности и недостатоци на секоја од горе понудените опции за инвестирање.  Да почнам да ја градам својата актива!

Ризикот секогаш постои, но наместо да го одбегнуваме треба да научиме да го контролираме. За да се биде успешен инвеститор, клучот на успехот е правилното управување со ризикот – risk management. Прифаќањето на загубата е дел од играта. Една од разликите помеѓу богатите и сиромашните е во тоа што богатите имаат храброст и смелост да ризикуваат. Тоа што они го поседуваат е техничко знаење и храброст. Не постои, богат човек кој барем еднаш во животот не изгубил пари од некаква инвестиција. Од друга страна можеме да сретнеме многу сиромашни луѓе кои немаат изгубено ниту денар. Зошто е тоа така? Затоа што, сиромавиот човек игра на сигурно, односно не инвестира, поради кое и останува сиромашен.

Како до посигурна финансиска иднина, кои се прашањата кои најчесто си ги поставуваме?

Дали да вложам во акции, можат ли да обезвреднат?

Вложување во високо ризични хартии од вредност, носи и поголем ризик и можност за обезвреднување на средствата. Но, акции од реномирани светски брендови, кои имаат стабилен или забрзан раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и висока реализирана добивка, компании кои и во услови на криза остваруваат натпросечни приноси, тогаш ризик речиси и да не постои, а спротивно на тоа можностите за оплодување на средствата се големи.

Крипто средства, што тие значат, дали се добра опција?

Веќе една деценија живееме во нова дигитална реалност односно во крипто – технолошки свет кој постојано се менува. Крипто- средствата се инвестициона алтернатива,  комплексен, претежно анонимен, децентрализиран и нерегулиран свет кој постепено се централизира, регулира и се става во некоја рамка. Тие се иднината на новата дигитална економија. Инвестирање во крипто актива е голем предизвик!. Крипто-менувачници се отвораат во Скопје и во другите градови. За помладата технолошки напредна генерација, се веќе сериозен извор на приход. Но станува збор и за шпекулативен сегмент, кој е потребно да се регулира. Најважно е да знаете со кого да се пoсоветувате. Блогот https://investpoint.mk/ е местото каде можете да се информирате.

Дали е подобро да се вложи во банка?

Просечната каматна стапка за орочен депозит во денари на година дена во трите најголеми банки во земјава изнесува  околу 0,7%. Падот на каматните стапки е континуиран уште од крајот 2009 година, кога каматната стапка на депозитите орочени на една година изнесуваше речиси 10%. За споредба, светската статистика покажува дека просечниот годишен принос од вложување во акции од 1926 до 2020 година е помеѓу 10 и 13%.

Заклучок- Не е битно што работите за вашите пари, туку што правите после со нив. Финансиката интелегенција е клуот до успехот.

Напомена: За купување или продавање на кој било финансиски инструмент, секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

АвторСнежана Поповска 

Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП