18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеoчекуван предизвикувач на киселини

Неoчекуван предизвикувач на киселини

Ако често ве мачи киселина, а не можете да утврдите што доведува до тоа непријатно чувство, можеби суплементите се во прашање. Еве кои можат да предизвикаат киселина…

Постојат неколку суплементи кои релативно често се земаат, за кои е познато дека можат да предизвикаат киселина. Станува збор најчесто за витаминот Б6, кој на телото му овозможува да ја складира енергијата од храната, и аргинин, аминокиселина за која се верува дека ја поттикнува циркулацијата.

Доколку земате мултивитамини, или некои слични додатоци во исхраната, а сте забележале дека киселините ви се јавуваат почесто од вообичаено, проверете дали производот кој го земате содржи витамин Б6 или аргинин.

Доколку тоа е случај, тогаш не би било лошо да се одлучите за некоја друга комбинација на витамини и минерали, тоа секако е попаметно отколку секојдневно да земате и антициди кои ќе ви ги ублажат симптомите на киселина.

Стомачни потешкотии понекогаш предизвикуваат и препаратите кои содржат железо и цинк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП