29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРимац остар: „Што зборуваш ограничен човеку?“; „Одлетај со твоите десничарски фори“

Римац остар: „Што зборуваш ограничен човеку?“; „Одлетај со твоите десничарски фори“

Поранешниот градски советник на Сплит, Мартин Паук, остави коментар на Фејсбук на објавата на Мате Римац.

Коментарот е оставен во објава во која Римац во саботата пријавил дека неговите странски колеги биле претепани во расистички напад во Загреб. Самиот Римац реагираше на коментарот на Паук.

„Браво Мате, легендо, увезуваш работна сила која работи за двојно поголема плата од Хрватите, па се чудиш зошто Хрватите се чувствуваат измамено и искористено. На крајот на краиштата, Мате, ти си од БиХ, па знаеш од прва рака дека во мултикултурно општество, никогаш не може да има просперитет и мир токму поради различните принципи и култура според кои живеат различни народи“, напиша Паук, пренесува Јутарњи лист.

„Што, нема момци во Загреб, Осиек или Сплит што завршиле техничко училиште и се квалификувани да работат во твојата компанија? А, да, секако дека има барем 10-15 паралелки само во оваа генерација, но тие не сакаат да работат за кикиритки за да може нивниот газда да купува куќи од два милиони евра и автомобили од половина милион“, продолжи тој.

Набргу потоа следуваше одговорот на Римац:

„Што зборуваш ограничен човеку? Кај мене работат луѓе кои работеле во Тесла, Епл, Ферари, Порше… Колку заработуваат за една година кај мене, ти не си видел никогаш. Во моите компании (Римац Груша, Бугати Римац , P3 и Grapefruit) работат над 1.600 луѓе, од кои 80+ проценти се Хрвати“, одговори Римац.

„Мартин, одлетај со твоите десничарски фори од мојот профил со троскок. Ти благодарам“, напиша тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП