19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАПредупредување од германски лекар: Доколку коронавирусот продолжи да мутира, може да се...

Предупредување од германски лекар: Доколку коронавирусот продолжи да мутира, може да се појави смртоносна варијанта како што е вирусот ебола

Германски врвен лекар стравува дека неконтролирана мутација на новиот коронавирус може да доведе до варијанта што е заразна како делта варијантата и смртоносна како вирусот ебола.

Ако новиот коронавирус продолжи да мутира, би можело да се појави варијанта што е заразна како делта и смртоносна како вирусот ебола. Тоа мрачно предупредување доаѓа од Светската медицинска асоцијација (WMA), составена од лекари од целиот свет.

Многу е важно да не се дозволи вирусот да мутира дополнително, рече Франк Улрих Монтгомери, германски радиолог и претседател на WMA, во интервју за германската медиумска групација на весници Функе во неделата. Тој додава дека за да се постигне такво нешто можеби ќе треба да се вакцинира светот со години.

Вирусот ебола, чија смртност може да се постигне со нова идна варијанта на коронавирусот, за која се плаши Улрих, првпат беше откриен во 1976 година во Јужен Судан и Конго. Нејзината најсмртоносна епидемија е забележана помеѓу 2014 и 2016 година, кога однесе повеќе од 11.000 животи.

Вирусот ебола предизвикува силна треска и внатрешно крварење, а просечната стапка на смртност од вирусот е 50 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО). Некои од познатите видови на вирусот, исто така, имаа стапка на смртност од неверојатни 90 проценти.

Запрашан за ситуацијата со пандемијата во Германија, Улрих предупредува дека бројот на новозаразени најверојатно ќе се удвои во следните десет дена. Тој, исто така, повика на построги мерки во Германија, повикувајќи ги властите да ги затворат сите божиќни саеми и да забранат прослави и огномет.

Доколку новиот бран на пандемијата не стивне, Улрих смета дека можеби ќе биде неопходно да се воведе ново затворање и во бизнис секторот. Тој посочи дека мерките што се сега усвоени ќе имаат реален ефект дури по две недели, а со оглед на кампањата за вакцинација, доцнењето на ефектот на овие мерки може да се продолжи и до шест месеци.

Овие црни предвидувања доаѓаат во средината на откривањето на варијантата омикрон во Јужна Африка. СЗО, исто така, формално ја прогласи варијантата омикрон за „загрижувачка“ во петокот. Додека научниците работат на тоа да откријат што е можно повеќе информации за варијантата омикрон, стравот дека оваа варијанта е уште позаразна од претходните е веќе присутен и во многу земји започна воведување на нови забрани и затворања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП