3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВодечките банки во потрага по нови работници

Водечките банки во потрага по нови работници

bankofamerica1

Во европските одделенија на водечките светски инвестициски банки, како што се „Nomura“, „City Group“ и „Bank of America“, се примаат нови работници.

Како што пренесува Фајненшл Тајмс, побарувачката за вработени е најголема од 2010 година, и ја покажува активноста на банките кои бараат консултанти, трговци и друг персонал.

Последните години инвестициските банки вработуваа само работници за поддршка, особено во секторот за информатичка технологија и во одделението за жалби.

Според истражувањето на компанијата „Coalision“, бројот на работниците кои работат со клиенти во 10-те најголеми банки е намален за 0,8 проценти на 54,000 лица. Во последните две години овој индикатор е намален за осум проценти.

Со подобрувањето на економската ситуација во Европа, сепак, некои банки се активираа на пазарот на трудот, без оглед на вообичаеното летно затишје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар