18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafon го превзема Kabel Deutschland

Vodafon го превзема Kabel Deutschland

kabel

Германските власти соопштија дека не гледаат никаков проблем британскиот „Vodafon“ да го превземе најголемиот германски кабловски оператор „Kabel Dеutschland“.

Барањето сега ќе биде проследено до европските органи за контрола на конкуренцијата, истакна претседателот на германската антимонополска агенција, Андреас Мундт за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

„Kabel Dеutschland“ е водечки кабловски оператор во Германија и нуди услуги за телевизија, телефонија и интернет на околу 8.5 милиони домаќинства во 13 од 16 германски покраини. „Vodafon“ во јуни понуди 7.7 милијарди евра за германската компанија се со цел да го прошири своето присуство во Европа.

Британскиот телекомуникациски гигант „Vodafon“ на акционерите на германската компанија им нуди 87 евра за секоја акција, вклучувајќи 84.50 евра за акција и плус 2.50 евра во име на дивиденда.

Управата и надзорниот одбор на „Kabel Dеutschland“ истакнаа дека ја поздравуваат трансакцијата и имаат во план да им препорачаат на акционерите во компанијата да ја прифатат понудата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП