петок, јануари 21, 2022
ПочетнаКУЛТУРАПреку пола милион прегледи за македонските претставници на детскиот Евросонг

Преку пола милион прегледи за македонските претставници на детскиот Евросонг

Со развиорени македонски знамиња, Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат.

Веќе со над 600.000 прегледи од објавувањето на видеото, како и со високи позиции на трендинг-листите, македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиот евросонг во Париз.

Минатиот викенд Green Forces се сретнаа со албанската претставничка на Детскиот евросонг, популарната Ана Ѓебреа. Во студиото на Македонската телевизија Ана пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика“ одговорија на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“

Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство, со наслов Stand by You (н. з. „Ќе бидам покрај тебе“). Во најновото видео постирано на социјалните мрежи, децата од „Дајте музика“ му се заблагодарија на организаторот на Детскиот евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.

Неодамна Green Forces од „Дајте музика“ поставија прашање до својата публика: „Што направивте за нашата планета денеска?“ Се надеваме на одговори наскоро!

Музиката за „Green Forces“ ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 г. во Париз, Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП