26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовата влада во Германија има намера да ја зголеми минималната плата на...

Новата влада во Германија има намера да ја зголеми минималната плата на 12 евра

За речиси два милиони работници во Германија минималната плата ќе биде зголемена за 25 отсто. Наместо сегашните 9,60 евра ќе изнесува 12 евра за час.

Ова го договори новата коалициска влада која треба да биде потврдена во парламентот. Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и неолибералните Слободни демократи (ФДП) на 24 ноември објавија дека постигнале договор за формирање влада. Претходно беше договорено нов канцелар да биде социјалдемократот Олаф Шолц.

Како што истакна економистот на компанијата за финансиски дејности ИНГ Карстен Брзецки, два милиони работници имаат минимална плата или пет отсто од вкупниот број работници во Германија. Во коалицискиот договор на трите партии не е наведено дали и, доколку е така, како инфлацијата ќе влијае на оваа ставка.

Економистот на банката UBS, Феликс Хуефнер, нагласи дека таквата одлука може да предизвика зголемување на сите плати. Сепак, според Си-Ен-Ен, Централната банка направила необичен чекор со јавно критикување на мерката. Таа го оцени како загрижувачко, бидејќи смета дека тоа негативно ќе се одрази на повисоките плати.

Во Германија минималната плата за прв пат беше утврдена во 2015 година, кога саатницата беше 8,50 евра. Поддршката за одредување минимална плата расте низ цела Европа, јавува Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП