А1 Македонија ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2022 година со неограничена комуникација, многу содржини и ТВ уреди по најповолни цени.
Како компанија која нуди конвергентни услуги, А1 Македонија ја збогати својата A1 Combo понуда со која корисниците можат да ги поврзат мобилните и фиксните услуги и да заштедат. Овојпат, корисниците ќе имаат екслузивна можност да ги искористат најголемите попусти годинава, како на A1 Combo тарифните модели, така и на многубројните атрактивни уреди. Притоа, корисниците ќе добијат пристап до најдобрата телевизија на нашиот пазар, А1 Xplore TV, која нуди многубројни функционалности за корисникот, како инсталирана апликација YouTube и YouTube Kids, следење на телевизија на повеќе различни екрани, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со одличен квалитет на слика.


