18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 100.000 граѓани на ЕУ ја напуштија Британија во 2020-та

Речиси 100.000 граѓани на ЕУ ја напуштија Британија во 2020-та

94.000 граѓани на Европската унија (ЕУ) го напуштија Обединетото Кралство во минатата година, а нивоата на миграција генерално нагло паднаа за време на пандемијата, објави „Bloomberg“, врз основа на податоците од Националната канцеларија за статистика во четвртокот.

Според податоците, популацијата на ЕУ во Британија се намали откако повеќе Европејци ја напуштија земјата отколку во 2019-та година, а пристигнаа најмалку 100.000 помалку.

Податоците помагаат да се објасни зошто на компаниите сега им е тешко да најдат нови вработени, особено во секторите како „HoReCa“ и малопродажбата, кои во голема мера се потпираа на странски вработени пред да се појави пандемијата. Недостигот на кандидати ги зголемува платите и инфлацијата, со што е поверојатно дека Банката на Англија ќе ги зголеми каматните стапки веќе следниот месец.

Заводот за статистика соопшти дека Ковид-19 и Брегзит, со нивното официјално заминување од ЕУ во јануари 2020-та година, се одговорни за падот, но и дека е „тешко да се разликуваат ефектите“. Остриот пад на нето имиграцијата делумно ги одразува ограничувањата на меѓународните патувања за да се запре ширењето на коронавирусот.

Посебни и посовремени податоци за населението за годината до јуни 2021-ва година укажуваат на тоа дека трендот продолжил на почетокот на оваа година. Бројот на граѓани на ЕУ кои живеат во Велика Британија се проценува дека е намален за 200.000 на 3,4 милиони во моментов, според статистичките податоци.

Намалувањето на граѓаните на ЕУ е компензирано со движењето од другите земји. 140.000 повеќе луѓе надвор од ЕУ дојдоа во Британија во 2020-та година отколку што ја напуштија земјата, но таа бројка е исто така многу помала отколку во претходните години. Во 2019-та година, нето имиграцијата од земјите што не се членки на ЕУ беше 277.000 луѓе.

Како резултат на тоа, вкупната нето-миграција „значително се намали“ на 34.000 од просечното годишно ниво од 250.000 во изминатата деценија.

„Иако нема докази за емиграција од Британија во 2020-та година, глобалните ограничувања за патување значат дека движењето на луѓето е ограничено, а сите извори на податоци сугерираат дека миграцијата паднала на најниско ниво во многу години“, рече Џеј Линдоп, директор на Центарот за меѓународна миграција при Националниот завод за статистика.

„Ова се нашите најдобри оценки за меѓународната миграција во тој период“, додаде тој. „Сепак, тие се моделирани податоци засновани на експериментални студии и подложни на високо ниво на несигурност“, додаде Линдоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП