26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаработуваат повеќе од Facebook, Amazon, Netflix и Google заедно

Заработуваат повеќе од Facebook, Amazon, Netflix и Google заедно

Експертот за поморска индустрија Џон МекКоун, кој раководи со Blue Alpha Capital во САД, го собра поморскиот профит за Splash247 во третиот квартал и ги спореди со интернет ѕвездите како Facebook, Amazon, Netflix и Google, заедно познати по кратенката FANG. А резултатите се неверојатни.

Профитот на индустријата од 48,1 милијарди долари во третиот квартал е речиси 50 отсто поголем од вкупниот профит на FANG, пишува Бонитет.

Кога ќе се спореди со огромната заработка на Apple и Microsoft заедно, профитот остварен во индустријата за транспорт на контејнери е сè уште речиси 15 проценти поголем.

Сајтот Splash247 кој се занимава со оваа гранум индустрија пишува дека компаниите се на добар пат да остварат комбиниран профит од 200 милијарди долари.

Пресвртот во неодамнешните резултати во таканаречениот транспорт со контејнери е невиден. Речиси и да нема индустрија која толку силно пораснала во нето финансиските резултати, наведува МекКон во новиот извештај, пишува Бонитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП