28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“ и „Amazon“ треба да платат повеќе од 200 милиони евра казни...

„Apple“ и „Amazon“ треба да платат повеќе од 200 милиони евра казни во Италија

Италијанскиот регулатор им изрече казни на американските технолошки гиганти „Apple“ и „Amazon“, тврдејќи дека со изборот на продавачи на дигиталната платформа, тие ја ограничиле конкуренцијата во цените на некои производи на „Apple“.

Двете компании во договорите од 2018-та година пропишале само одредени трговци на мало да ги продаваат „Apple“ и „Beats“ на „Amazon“, што ги прекршува регулативите на ЕУ и ја ограничува конкуренцијата во цените, утврди италијанскиот регулатор.

Затоа „Amazon“ е казнет со 68,7 милиони евра, а „Apple“ со 134,5 милиони евра, а двете компании мора да ги отстранат ограничувањата и да им дозволат на сите продавачи на оригинални производи на „Apple“ да ги продаваат на „Amazon.it“.

„За да се осигураме дека нашите клиенти купуваат оригинални производи, ние тесно соработуваме со нашите партнери за препродавање и ангажиравме тимови на експерти ширум светот кои соработуваат со полицијата, царината и трговците на мало за да продаваат само автентични производи на нашата компанија“, велат од „Apple“.

Оттаму нагласуваат и дека не ги прекршиле прописите на еднаков пазар.

Во посебно соопштение, „Amazon“ објави дека не се согласува со одлуката на италијанскиот регулатор, тврдејќи дека неговата казна е „несразмерна и неоправдана“.

„Ја отфрламе сугестијата дека „Amazon“ има корист од исклучувањето на препродавачите од трговијата бидејќи нашиот деловен модел се заснова на нивниот успех“, се вели во соопштението.

„Благодарение на договорот, клиентите во Италија можат да ги најдат најновите производи на „Apple“ и „Beats“ во нашата продавница, а на располагање им е каталог со повеќе од двојно повеќе производи, подобри цени и побрза испорака“, велат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП