понеделник, јануари 17, 2022
ПочетнаКОМПАНИИЗголемената конкуренција влијае на резултатите на „Xiaomi“

Зголемената конкуренција влијае на резултатите на „Xiaomi“

Кинескиот технолошки гигант „Xiaomi“ забележа раст од 8,2% на приходите од продажба за третиот квартал, што се покажа под прогнозите, додека растот на продажбата на паметни телефони забави поради зголемената конкуренција, пренесува „Reuters“.

Компанијата, која генерира најголем дел од приходите од продажбата на паметни телефони, соопшти дека нејзиниот приход од овие уреди се зголемил за 0,4 отсто на 47,8 милијарди јуани (7,49 милијарди долари) во трите месеци до 30-ти септември.

Сепак, продажбата падна за 5,8 отсто на годишно ниво од 46,6 милиони на 43,9 милиони. Компанијата го наведе глобалниот недостиг на чипови како причина за падот.

Вкупните приходи од продажба се зголемија на 78,06 милијарди јуани, под прогнозата на аналитичарите од 79,20 милијарди јуани, според „Refinitiv“.

„Xiaomi“, кој успеа да го зголеми својот удел на пазарот во Кина откако „Huawei Technologies“ настрада од американските санкции, неодамна изгуби дел од својата позиција не само пред врвните играчи „Oppo“ и „Vivo“, туку и пред брендот „Honor“ на „Huawei“. „Honor“ успеа да го престигне „Xiaomi“ и го освои третото место на пазарот на паметни телефони во Кина во кварталот од јули до септември, според „Canalys“.

Продажбата на „Xiaomi“ во Кина порасна за само 4% на годишна основа, додаде компанијата. Вкупната продажба на телефони во земјава падна за 5 отсто.

„Xiaomi“ одговори на конкуренцијата со агресивно таргетирање на физичките продавници. Во октомври, гигантот ја отвори својата продавница број 10.000 во Кина и вети дека ќе го зголеми тројно нивниот број во следните две до три години.

Компанијата, која рече дека ќе потроши 10 милијарди долари во март за влез на пазарот на електрични автомобили, рече дека очекува да започне масовно производство на своите возила во првата половина на 2024-та година.

„Xiaomi“, исто така, има корист од продажбата на онлајн рекламирање и други видови хардвер за потрошувачи. Растот на единицата за интернет услуги е 27% на годишна основа.

Со исклучок на еднократните ставки, „Xiaomi“ оствари добивка од 5,18 милијарди јуани, што ги исполни очекувањата на аналитичарите од 5,09 милијарди јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,751фановиЗаследи
2,158следбенициЗаследи
1,420следбенициЗаследи