25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЅ класа доби лут ривал во Ауди А8

Ѕ класа доби лут ривал во Ауди А8

a8 1

Ауди го престави освежениот A8/S8 за 2014-та година и со тоа официјално и се спротистави на новата „S“ класа на Мерцедес.

На половина од животниот век на актуелната генерација на својата топ лимузина, Ауди на купувачите им понуди редизајнирана верзија на моделот А8 кој би требало на пазарот да им се спротистави на своите ривали, особено на моделот на Мерцедес.

a8 2

Кога станува збор за дизајнот, Ауди очекувано се определи за еволутивни промени и тоа пред се може да се види на предниот браник и маската на ладилникот.

А8 за 2014-та во Германија доаѓа со стандардни „LED“ фарови на моделите кои ги придвижува V8 мотор, но како опција може да се доплатат и „Matrix LED“ фарови кои се состојат од 25 светлечки диоди од кои секоја може да биде независно вклучена или исклучена во зависност од условите на патот.

a8 3

Ауди на редизајнираниот модел претстави и нов вид на секвенцијални „LED“ покажувачи на насоката кои дебитираа на Ауди R8 за 2013-та. Предните трепкачи се состојат од 18, а задните од 24 светлосни диоди.

Задниот дел на Ауди А8 доби редизајнирани стоп светла, исто така со „LED“ технологија, кои визуелно се поврзани со тенка хромирана лајсна, а наместо округли во задниот браник се наоѓаат четириаголни издувни цевки.

a8 4

Моделот за 2014-та година ќе биде достапен во 12 бои, меѓу кои 5 се нови, додека во понудата ќе бидат и неколку димензии на алуминиумски бандажи кои ќе бидат се до 21 инч.

Во внатрешноста Ауди својата престижна лимузина ја опреми со седишта со масажери. На моделите А8 и А8 L патниците кои се наоѓаат позади им е овозможено поединечно електрично подесување на положбата на седиштата, а тука се и другите додатоци со лускузни содржини, меѓу кои е и делот за одморање на стопалата кој се извлекува од наслонот на предното седиште.

a8 5

Ауди во освежениот А8 ги унапреди повеќето безбедносни системи кои беа достапни во неговиот претходник, а како опција ги претстави и „Bang & Olufsen“ аудио системот, „DVD“ плеер и два екрани кои се наоѓаат во наслоните за главата на предните седишата, како и слушалки со „Bluetooth“ конекција  за патницте на задните седишта.

Ауди А8 ќе има 3.0 литарски TFSI мотор со 310 ks (228 kW), потоа 4.0 литарска TFSI twin-turbo V8 единица со 435 ks (320 kW), како и 3.0 литарски TDI дизел мотор кој произведува 258 ks (190 kW), т.е. 4.3 литарски TDI мотор чија снага изнесува 385 ks (283 kW).

a8 6

Покрај стандардните модели тука е и верзијата со продолжено меѓуосовинско растојание, A8 L W12 quattro чии 6.3 литарски мотор развива 500 ks (368 kW) и најмоќниот S8 е опремен со 4.0 литарски TFSI агрегат кој испорачува 520 ks (380 kW).

Исто како и Мерцедес, ниту Ауди не ја изостави верзијата со хибриден погон.

Ауди A8 хибрид за 2014-та година ќе има погонски систем кој ќе се состои од 2.0 литарски TFSI бензински агрегат и електромотор чија комбинирана моќ изнесува 245 ks (180 kW), a максималниот вртежен момент е 480 Nm. Бензинскиот мотор ги придвижува предните, а електричниот задните тркала.

a8 7

Кога станува збор за перформансите A8 со 4.0 литарски TFSI мотор и quattro погон од 0 дo 100 km/h ќе развива за 4.5 секунди, што е само за 0.3 секунди побавно отколку Ауди Ѕ8.

Компанијата ги објави и податоците и за потрошувачката. Најштедлив е моделот 3.0 TDI, кој просечно троши 5,9 l/100 km во комбиниран режим на возење, додека најмоќниот мотор A8 L W12 на истата делница троши 11,7 литри бензин. Просечната потрошувачка на Ауди Ѕ8 изнесува 10,1 l/100 km.

Хибридната верзија на 100 километри троши 6,3 литри, а овој модел е во состојба на кратки релации до 3 km да се движи исклучиво на електричен погон, при што може да развие максимални 100 km/h.

Ауди A8 и S8 ќе имаат премиера на саемот на автомобили во Франкфурт, а во продажба најпрво ќе започне на германскиот пазар во ноември и возилата ќе бидат со почетна цена од 74.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП