28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИднината на градскиот автомобил

Иднината на градскиот автомобил

kolaa

Истражувачите од водечкиот институт за технологија во Јужна Кореја имаат предлог за следната генерација автомобили.

Тим на истражувачи од јужнокорејскиот институт за наука и технологија (Korea Advanced Institute of Science and Technology) создадоа прототип на електричен автомобил „Armadillo-T“, кој може да се намалува. Автомобил може да биде смален од првичните 2,8 метри, колку што е големината на еден Smart, до 1,65 метри.

Возилото се збира во задниот дел нагоре и го опфаќа предниот. Функцијата за склопување се активира преку смартфон, откако возачот ќе излезе од него. Така возилото е со тежина 450 килограми и зазема само една третина од 5-метарско паркинг место, овозможувајќи им на уште две возила од неговиот тип да паркираат до него.

Автомобилот има максимална брзина од 60 км / ч и може да помине 100 километри по десетминутно полнење. Авторите на проектот соопштија дека владини агенции и приватни компании покажале интерес за нивниот пронајдокот, но големите производители како „Hyundai Motor“ и „Kia Motors“ не брзаат да го вклучат автомобилот во производство.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП