11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Германската економија би можела да оди на „зимски одмор“

Бундесбанк: Германската економија би можела да оди на „зимски одмор“

Недостигот од суровини и работна сила и новите ограничувања во борбата против пандемијата со Ковид-19 принудија „пауза“ во закрепнувањето на германската економија од коронакризата, но не ја запреа инфлацијата, објави во понеделникот централната банка.

Германската економија силно порасна во првата половина од годината, но растот во меѓувреме забави поради нарушувањата во понудата на индустриските компании и тешкотиите на градежниот сектор да најде работници, објави Бундесбанк.

Затоа, може да се очекува „пауза“ во закрепнувањето на економијата од коронакризата, додаваат тие.

„Гледано од денешна перспектива, БДП-то би можел да стагнира во есенскиот квартал“, проценуваат тие, алудирајќи на последните три месеци од оваа година.

Според нив, веројатно уште некое време инфлацијата ќе остане далеку над нивото од три проценти.

Цените би можеле да пораснат за речиси шест отсто во ноември, а нивниот раст би требало да ослабне во 2022-ра година, бидејќи ефектот од ниската компаративна основа од 2020-та година, кога владата привремено ја намали стапката на ДДВ-то за поддршка на трошоците во пандемијата, ќе отсуствува, потсетува Бундесбанк.

Инфлацијата уште долго ќе биде повисока од три отсто, а кога ќе се исклучат флуктуациите на цената на енергенсите и храната би требало да биде повисока од два отсто, предвидуваат тие потсетувајќи на претстојните преговори за покачување на платите.

Иако летово преговорите дадоа само скромни зголемувања на платите, реалното зголемување е поизразено бидејќи работниците повторно го зголемија бројот на работни часови по намалената саатница во пандемијата.

„Макроекономските услови сугерираат и посилен раст на платите во колективните договори што ќе бидат продолжени во блиска иднина“, забележува Бундесбанк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП