27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАPlay Store конечно добива нов изглед

Play Store конечно добива нов изглед

Play Store конечно доби нов изглед, а овој пат Google се фокусира на веб верзијата на својата продавница за апликации.

Новиот дизајн е забележан од различни извори и драстично се разликува од претходните дизајни на сајтот.

Наместо преполн, квадратен изглед, новата страница имплементира повеќе елементи за дизајн, со заоблени рабови и го отфрла полето за навигација.

Поставките, управувањето со апликациите и другите елементи сега може да се најдат кога се кликнува на корисничката слика, како што е она што се нуди на мобилната верзија.

На врвот е избор за филтрирање на апликации по тип на уред, што ќе го олесни наоѓањето на она што ви треба за одреден уред.

Генерално, корисничкиот интерфејс изгледа почист и е полесен за навигација.

Новите промени моментално се активни само во неколку земји (Јужна Кореја и Тајван), а промените во дизајнот не се достапни во некои делови од страницата, како што е библиотеката со апликации.

Play Store не доби редизајн со години, па затоа е убаво да се види дека Google конечно и дава помодерен изглед на својот сервис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП