25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ покажа електричен кросовер со 3 реда седишта (ФОТО)

„Audi“ покажа електричен кросовер со 3 реда седишта (ФОТО)

Уште во август стана јасно дека германскиот производител „Audi“ подготвува нов електричен кросовер наречен „Q5 e-tron“.

Автомобилот беше официјално претставен на саемот во Гуангжу (Кина), а стана јасно дека станува збор за луксузен аналог на „Volkswagen ID.6 X“, кој дебитираше претходно во оваа година.

Двата кросовери се дизајнирани заедно со кинескиот „SAIC“ и се дизајнирани специјално за локалниот пазар. Всушност, тие се продолжени верзии на светските „Audi Q4 e-tron“ и „Volkswagen ID.4“. Во овој случај, зголемено е растојанието помеѓу двете оски, како и задниот дел, за да може да се додаде трет ред на седишта.

Како и „ID.6“, новиот „SUV“ на „Audi“ има должина од 4.876 mm и растојание помеѓу двете оски од 2.965 mm. Кабината може да биде со 7 или 6 седишта, во вториот случај две посебни седишта се поставени на вториот ред.

Во Кина кросоверот „Audi“ ќе биде достапен во две верзии. „Audi Q5 40 e-tron“, со погон на задните тркала и електромотор со 204 ks, наполнет со батерија со капацитет од 83,4 kW/h. Поминува до 560 km (според стариот циклус „NEDC“) со едно полнење. Црвениот кросовер е во врвната верзија „Q5 50 e-tron quattro“, кој додава уште еден мотор со 109 ks, батеријата е иста и километражата е 520 километри.

Дополнително, ќе се нуди и модификација на „Audi Q5 35 e-tron“, чии батерии се со капацитет од 55 kW/h. Во овој случај, електричниот мотор на задната оска развива 180 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП