5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBest Buy оствари подобри резултати

Best Buy оствари подобри резултати

best bay

Американскиот ланец на продавници за електроника „Best bay“ објави дека нивните резултати во вториот квартал се подобри од очекуваното и тоа благодарејќи на намалувањето на трошоците.

Како што пренесуваат медиумите оваа мултинационална компанија, покрај значителната заштеда во второто тромесечие (65 милиони долари на годишно ниво) завршено на крајот од јули, оствариле нето профит од 266 милиони долари, додека во истиот период од минатата година тоа изнесувало само 12 милиони долари.

Приходите од продажбата се сепак нешто помали и тоа за 0.4 проценти, па тие изнесуваа 9.3 милијарди долари, што е повеќе од очекувањата на Волстрит (9.1 милијарди долари). На споредлива основа обемот на продажбата е намален за 0.6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП