24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСе запали и се преврте македонски автобус во Бугарија – загинаа 46...

Се запали и се преврте македонски автобус во Бугарија – загинаа 46 луѓе, меѓу кои 12 деца(ВИДЕО)

Најмалку 45 патници и возачот загинеле во македонски автобус во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Автобусот сообраќал од Истанбул кон Скопје. Несреќата ја преживеале седум луѓе.

Според првичните информации, тој се запалил и се превртел. Меѓу патниците имало 12 деца од кои двајца близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Од бугарското Министерство за внатрешни работи, велат дека ова е една од причините зошто луѓето не можеле да се спасат.

Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.

„Автобусот во Бугарија влегол од Турција. Жртвите се државјани на Северна Македонија. Меѓу нив има и 12 деца“, изјави за БТВ директорот на Генералниот директорат на Националната полиција Станимир Станев. Едната верзија е дека автобусот удрил во заштитната ограда. Не може со сигурност да се каже дали автобусот прво излетал, а потоа се запалил или најпрво се запалил па излетал, пренесува БТА.

Премиерот Заев и министрите Османи и Филипче заминаа за Бугарија пред половина час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП