27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Рено“ ќе затвора фабрики

„Рено“ ќе затвора фабрики

Renault Logo

Францускиот производител на автомобили „Рено“, предупреди дека затворањето на одредени фабрики ќе биде неизбежно ако работниците не се согласат на предложените мерки, вклучувајќи го и замрзнувањето на платите.

Челниците на „Рено“ во списокот на предлози, доставен до лидерите на синдикатот, наведоа дека ветувањето дека нема да затворат фабрики ќе биде доведено во прашање, а отказите ќе бидат неминовни, ако не се постигне договор да се зајакне конкурентската позиција на компанијата.

Заканата за затварање на фабрики наиде на остри реакции на француската влада, која држи удел од 15 отсто во Рено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП