26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНаучниците открија посебна категорија на луѓе, отпорни на Ковид-19

Научниците открија посебна категорија на луѓе, отпорни на Ковид-19

Посебен тип на имунитет е откриен кај здравствените работници кои се грижат за заразените со коронавирусот во таканаречената црвена зона, објавија научниците од Универзитетскиот колеџ и Империјалниот колеџ во Лондон, а истражувањето е објавено во списанието Nature.

Авторите на студијата следеле повеќе од 750 здравствени работници кои биле во постојан контакт со пациенти заразени со коронавирус.

Во текот на студијата, ниту еден тест за инфекција не бил позитивен кај 58 луѓе.

Она што им беше заедничко, а кое не беше идентификувано кај другите испитаници, беше високата концентрација на Т-клетките на имунолошкиот систем. Тие дејствуваат како мемориски клетки способни да препознаат специфични инфекции кога ќе се појават во телото.

Научниците веруваат дека овие специфични Т-лимфоцити го спречуваат Ковид-19, така што исклучуваат група вирусни протеини кои помагаат во репродукцијата на вирусот.

Како што се испостави, овие Т-клетки беа присутни и во примероците од крв собрани пред пандемијата, а тие можеле да го препознаат коронавирусот.

Научниците претпоставуваат дека лимфоцитите кои ги откриле би можеле да се појават во телото со инфицирање на сроден вирус кој предизвикува обична настинка, по што телото формирало таква заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП