2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија со највисок раст на градежните работи во ЕУ

Словенија со највисок раст на градежните работи во ЕУ

C

Словенечкиот градежен сектор во јуни оствари раст од 10,5 проценти, што е најголемиот раст меѓу сите држави на ЕУ, објави Еуростат.

Обемот на градежните работи во еврозоната во јуни се зголеми за 0,7 проценти, а во цела Европска унија за 0,8 проценти. Освен во Словенија, градежништвото силно се зголемило и во Полска (5,3 проценти) и Германија (1,6 проценти). Најголем пад забележа Романија, каде обемот на градежните работи се намали на 2,4 проценти.

Во вториот квартал од 2013 година во Словенија се издадени 913 градежни дозволи, што е за 24 проценти повеќе во однос на 2012 година.

Бројот на издадени дозволи за стамбените објекти е зголемен за 14 проценти, додека дозволите за стамбено-деловните згради се зголемени за околу 33 проценти, пренесува агенцијата Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП