16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдлучено: Нема плаќање во кеш над 1.000 евра

Одлучено: Нема плаќање во кеш над 1.000 евра

Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања од 2.000 на 1.000 евра.

Од 1 јануари во земјата повеќе нема да може да се плаќа во готово сума поголема од 1.000 евра.

Сите износи поголеми од 1.000 евра ќе треба да се платат со кредитна картичка или преку сметка.

Кој ќе ја прекрши оваа одлука ќе биде казнет со најмалку 2.000 евра, а казната може да достигне и до 50.000 евра.

Оваа мерка треба да придонесе за сузбивање на сивата економија и даночното затајување.

Намалувањето на износот што треба да се плати во готово беше критикувано од либералните политичари, заштитниците на потрошувачите и податоците.

Владата на премиерот Марио Драги сака да ги поттикне електронските платежни системи во борбата против сивата економија, даночното затајување и перењето пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП