19 април, 2024
ПочетнаКОРОНА„ЕМА“ испитува нов лек против Ковид-19

„ЕМА“ испитува нов лек против Ковид-19

Европската агенција за лекови проценува дали лекот Xevudy, кој спречува потешки форми на Ковид-19, може да биде одобрен во Европската Унија.

„ЕМА ќе ги процени придобивките и ризиците од лекот на краток рок и може да даде мислење во рок од два месеца“, се вели во соопштението од оваа организација.

Лекот развиен од фармацевтските компании GlaxoSmithKline и Vir Biotechnology треба да ги спречи потешките форми на болеста и потребата од хоспитализација кај пациенти со Ковид-19.

Лекот е наменет за третман на возрасни и тинејџери кои се изложени на зголемен ризик од тешки форми на Ковид-19, пред вклучувањето на терапија со кислород.

Третманот се заснова на терапија со моноклонални антитела со користење на тип на протеин кој се врзува за коронавирусот и ја намалува неговата способност да навлезе во клетката на човечкото тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП