17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГерманија нема да прима мигранти од белоруската граница

Германија нема да прима мигранти од белоруската граница

Германија нема да прифати мигранти што беа запрени на белоруско-полската граница, изјави министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, по разговорот со својот полски колега Мариуш Камински.

„Нема да прифатиме бегалци. Нема да попуштиме пред притисокот и да кажеме дека ги носиме бегалците во европските земји бидејќи тоа во основа би значело спроведување на оваа перфидна стратегија“, изјави Зехофер на прес-конференција во Варшава, пренесуваат агенциите.

Тој објасни дека се работи за неправилна и перфидна миграција организирана од Белорусија со поддршка на Русија до одреден степен и дека во овој случај Полјаците не само што си ги штитат своите интереси туку и дејствуваат во интерес на целата Европска Унија.

Сите мигранти денеска заминаа од два кампа во близина на границата меѓу Белорусија и Полска, јавија белоруските агенции.

Белоруски граничари ги придружувале групите од 70 до 100 луѓе до транспортно-логистичкиот центар на еден и пол километар од границата.

На границата на Белорусија со Полска и со балтичките земји од летово е зголемен приливот на мигранти од Блискиот Исток и Африка, кои се обидуваат да навлезат во Западна Европа.

Земјите од ЕУ го обвинија Минск за хибридната војна и повикаа на дополнителни санкции против Белорусија, а Лукашенко рече дека одговорноста за новонастанатата ситуација со мигрантите е во западните земји, чија политика, како што рече, ги принудила луѓето да бегаат од војната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП