17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nokia“ ќе им понуди претплата на телекомите

„Nokia“ ќе им понуди претплата на телекомите

Финскиот технолошки гигант „Nokia“ соопшти дека планира да лансира софтверска услуга за претплата базирана на облак, наменета за телекомуникациските компании поврзани со обезбедување софтвер за анализа, безбедност и управување со податоци.

Многу технолошки компании се движат од лиценцирање кон модел на претплата за да изградат предвидлив бизнис.

Иако дел од софтверското портфолио на „Nokia“ ќе биде достапно на основа на претплата во оваа година, повеќе услуги ќе бидат достапни на овој начин на почетокот на 2022-ра година.

Кога „Nokia“ го основаше својот софтверски оддел во 2016-та година, идејата беше да започне да нуди решенија за претплата, но тоа никогаш не се случи, рече во интервју потпретседателот Марк Бун.

Според него, компанијата сега направила се што е потребно во оваа насока, градејќи ја потребната технологија за да може да работи во поголем обем.

Софтверската платформа базирана на облак може да ги намали трошоците, да го олесни управувањето, а клиентите можат да ја испробаат платформата пред да се посветат на нејзината долгорочна употреба.

„Nokia“, која е во преговори со потенцијалните клиенти, соопшти дека цели на пазар од 3,1 милијарди долари за периодот од 2021-ва до 2025-та година, со годишна стапка на раст од околу 25-30%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП