26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕСМ не се јави на тендерот на ЕВН, струјата за домаќинствата догодина...

ЕСМ не се јави на тендерот на ЕВН, струјата за домаќинствата догодина може двојно да поскапи

Ако државната ЕСМ не даде понуда на тендерот на ЕВН ХОУМ (Универзалниот снабдувач), лошо ќе биде за граѓаните, сметаат дел од експертите. Може да се соочат со драстично зголемување на сметките за електрична енергија. Законски, државните електрани имаат обврска да обезбедат 60 отсто од потребите на струја за домаќинствата, и ако не ги обезбеди, во тој случај според познавачите, овие количини Универзалниот снабдувач ќе треба да ги набави од надвор, и тоа по многу повисока цена. Според експерите, струја на пазарот има, но е многу скапа.

“Само за споредба моменталната цена на унгарските берзи, за 2022 година е 139 евра за мегават или 4 пати повисока од она што моментално ЕСМ го продава на ЕВН ХОУМ.  Минатата година ЕСМ понудила 100 проценти од бараните количини и тогаш пазарните цени беа повиоски од 36 евра за мегават со образложение дека се општествено одговорна фирма”, вели за „Денар“ Сања Божиновска, консултат по енерегетика.

Само за споредба, цената по која ЕСМ сега ја дава својата струја на Универзалниот снабдувач е 36 евра за мегават, а ако треба да се обезбеди од надворешните пазари цената е околу 200 евра за мегават.

Од ЕСМ не презицираа зошто не се јавиле на повикот, но од Владата уверуваат дека компанијата со тоа што не доставила понуда, не го прекршила Законот за енергетика. Очекуваат на следниот тендер ЕСМ да даде своја понуда.

Посочија и дека се следи состојбата и ако има потреба ќе се интеревира дополнително.

Тендерот на ЕВН ХОУМ, на кој требаше да се обезбедат потребните количини струја за домаќинствата за следната година пропадна, поради тоа што немаше ниту една понуда. Нов тендер ќе има, но засега нема инфoрмации кога ќе биде објавен.

Инаку, понудата на ЕСМ по која цена би ја продала својата струја на Универзалниот снабдувач е една од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата.

Состојбата со струјата веќе подолго време е алармантна, цените со месеци наназад одат нагоре. Но според Божиновска, ниту со вака слаби акумулации, не може да се помине зимата.

“Во хидро имаме 43.000 мегавати што е вовед во катастрофа. Продаваа струја неплански, а и не се води сметка за хидропотенцијалот и сега во зима ќе влеземе со катастрофални резерви на хидро”, додава Божиновска.

И најголемиот производител на струја во земјава, РЕК Битола, работи со минимален капацитет, со само еден блок. Блок 1 е надвор од мрежа веќе два дена. Од ЕСМ тврдат дека не станува збор за дефект туку за планско исклучување. Но оттаму не посочија кога се очекува блокот повторно  да биде ставен на мрежа. Од РЕК уверуваат дека се работи и на санирање на проблемите и на блок 3, за кој практично се прави набавка на јаглен.

Надлежните уверуваат и дека за 10 дена со работа треба да почне и ТЕЦ Осломеј, но и ТЕЦ Неготино.

Во меѓувреме, ЕСМ достави ново барање за набавка на 7.200 мегавати. Претходно, за неколку  дена компанијата набави струја во вредност од близу 10 милиони евра.

Државата пред извесно време прогласи кризна состoјба. Стапи во сила за да може да се интервенира финансиски со 65 милиони евра кај енерегетските компании. Но што ќе се покрие со овие пари сѐ уште не се знае. Најверојатно средства ќе одат на сметката на ЕСМ, па потоа оттаму дел ќе се префрлат и на МЕПСО за да ги покријат трошоците за стујата која се влечеше од европската мрежа.

Според познавачите, овие пари нема да бидат доволни да се санираат штетите во енергетиката.  Според пресметките на аналитичарите, потреби се над 200 милиони евра за да се ублажат последиците од оваа глобална енергетска криза.

Сепак, засега не се предвидени нови мерки, ниту пак зголемување на сумата за проблемите со струјата.

Во моментов просечната месечна цена на електричната енергија на унгарската берза HUPEX e 200 евра за мегават час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП