25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАИстражување: Сојот Делта плус предизвикува помалку симптоми на Ковид-19

Истражување: Сојот Делта плус предизвикува помалку симптоми на Ковид-19

Помала е веројатноста подваријантата на делта сојот кој се повеќе се шири во Велика Британија, да предизвика симптоми на болеста Ковид-19 кај заразените лица, покажа истражувањето на Лондонскиот Империјален колеџ, чии резултати беа објавени во четвртокот.

Се покажа дека само една третина од заразените со подваријантата на делта сојот познат како „AY.4.2“ развиле „класични“ симптоми на Ковид-19, додека кај оригиналниот делта сој (AY.4) речиси половина од испитаниците ги имале.

Кај луѓето заразени со сој делта плус, две третини развиле какви било симптоми на Ковида-19, додека кај оние заразени со делта сојот, три четвртини имале барем еден симптом на болеста.

Се покажало дека подваријантата на сојот делта се пренесува нешто полесно, но не се покажало дека предизвикува потешки форми на болеста или ги прави вакцините против него помалку ефикасни.

„Се покажа дека е нешто полесно пренослив, но и помалку симптоматски, што е добро“, вели епидемиологот Пол Елиот.

Империјал веќе објави делумни резултати од истражувањето кои покажуваат дека оваа верзија на вирусот беше на врвот на ширење во октомври, а најмногу заразени беа децата. Комплетните резултати од истражувањето спроведено во периодот од 19 октомври до 5 ноември го потврдија тоа што го покажаа дневните резултати – падот на дневниот број на заразени се поврзуваше со училишните празници кон крајот на октомври.

Истражувањата покажаа и дека т.н „booster“ доза на вакцината го намалува ризикот од инфекција кај возрасните за две третини во споредба со луѓето кои примиле две дози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП