19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛошиот избор на обувки ви го загрозува здравјето

Лошиот избор на обувки ви го загрозува здравјето

Британското друштво на ортопеди предупредува: Не носете неудобни обувки, доколку не сакате да си го оштетите телото и здравјето.

Според ортопедите во Британија, речиси сите пациенти кои побарале стручна помош поради болки во нозете – носеле обувки кои едноставно не одговарале на нивните стапала.

Од 2.000 испитаници, 37 проценти изјавиле дека би оделе во неудобни обувки само доколку се модерни, додека 17 проценти од мажите признале дека купуваат обувки чија големина не е соодветна на нивното стапало, само затоа што не можат да си најдат точен број.

Поради тоа, дури 80 проценти од возрасните луѓе имаат различни проблеми со нозете како рамни стапала, зараснати нокти и деформирани прсти.

Но, тоа не е се. Неправилниот избор на обувките може да предизвика искривување на ‘рбетот, болки во грбот и вратот, како и хронични главоболки.

Обувките во облик на „чамец” се најопасни

Најважен е правилниот избор на обувки. Никој не вели дека жените треба да се откажат од потпетиците, но секојдневните обувки не треба да имаат потпетица поголема од четири-пет сантиметри и не треба да бидат шпицасти.

Ортопедите велат дека обувките треба да бидат со заоблен врв, со цел прстите на ногата да не бидат притиснати еден до друг. Тие препорачуваат секогаш да купувате обувки со каиш на крајот (петата) за да се избегне лизгање на стапалото со што се создава дополнителен притисок на прстите.

Убиствена комбинација се обувки на високи потпетици со облик на чамец, без каиш кој би го придржувал стапалото. Ако често носите вакви обувки само погледнете ги вашите прсти – сигурно се веќе деформирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП