25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКСС: Каде е осиромашен работникот, па уште му се прекршуваат основните човекови...

КСС: Каде е осиромашен работникот, па уште му се прекршуваат основните човекови права

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС се спротивставува и остро реагира на предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, во однос на тоа вработените во јавниот сектор во локалната самоуправа, „за да можат да одат на работа, да имаат примено најмалку една вакцина против Ковид – 19, да приложат негативен ПСР тест, не постар од 72 часа, направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид -19, не постара од 45 дена“.

Со предложените мерки се прекршуваат основните човекови права коишто се загарантирани со Уставот и законите на државата, но и со европските и светските конвенции за заштита на истите.

Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, како што тоа сака да го наметне Комисијата за заразни болести на чело со Министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот на Комисијата, трошоците за ПСР тестовите да бидат на трошок на вработените за нас е неприфатлив, со оглед на тоа дека над 80,000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата која не е доволна да се преживее во текот на месецот. Недозволиво е на осиромашените работници, да им се наметнуваат дополнителни трошоци, а притоа да се прекршуваат и нивните човекови права.  

Апелираме до Владата, да размисли добро дали ќе ги донесе овие мерки. Во спротивно, КСС ќе ги искористи сите синдикални мерки коишто ни се на располагање, за да се избори против оваа неправда нанесена врз човековите права на работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП