Најмалку еден човек загина, а илјадници се евакуирани во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во Британска Колумбија, во западна Канада.
Тело на жена е пронајдено во близина на одрон на автопат на околу 250 километри северно од Ванкувер, а потрагата по исчезнатите продолжува и денеска, соопшти канадската полиција.

