24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако може да трошите криптовалути во реалниот свет?

Како може да трошите криптовалути во реалниот свет?

Со својата појава, криптовалутите донесоа многу новини на финансискиот пазар, како полесно извршување на трансакциите за самите корисници на криптовалути, но и некои отежнувачки моменти за учесниците на крипто-пазарот.

Само користењето блокчејн технологија и извршувањето на трансакции преку различни апликации е релативно едноставно. Предизвикот беше дека овие криптовалути понекогаш ќе треба да се потрошат или за криптовалути да се добие посакуваниот производ или услуга.

Неопходно е да се има предвид фактот дека не можеме да користиме криптовалути во која било продавница, супермаркет или бензинска пумпа каде стоки и услуги може да се купат исклучиво со користење на фиат валути.

Поддршка на криптокартичките дадоа Visa и MasterCard, што придонесе за проширување на употребата на картички за криптовалути. Сепак, во повеќето делови на пазарот ваквите картички сè уште не се прифаќаат, што зависи исклучиво од одлуката на трговците дали ќе прифатат одредени картички или не.

Процесот на конвертирање на криптовалути во фиат валути се покажа како најефикасно решение, по што парите може непречено да се искористат. Засега, криптовалутите може да се тргуваат на крипто-пазарот и плаќањата може да се вршат со помош на криптопаричници. Преминот од виртуелниот свет во реалниот финансиски свет не е толку едноставен.

Дебитните картички за криптовалути претставуваат една од врските за тоа како криптовалутите може да се користат во реалниот финансиски свет. Дебитните крипто-картички дозволуваат користење на дигитални монети, како и која било друга валута за секојдневни купувања или повлекување готовина наместо да се складираат на крипто сметка. Всушност, станува збор за користење на логистичка и регулаторна рамка со која криптовалутите автоматски се продаваат и се конвертираат во долари преку крипто-берза, овозможувајки им на трговците да прифаќаат дебитни крипто-картички. Тоа значи дека дигиталните валути се прифаќаат секаде каде што се наоѓаат многу обични дебитни картички.

Можеби најголемата пречка за конвертирање и трошење криптовалути во секојдневната употреба е всушност нејзината нестабилна вредност. Ова е истиот предизвик кога се инвестира во дигитални валути, каде што може да заработите многу пари доколку дојде до скок на виртуелната валута или голема загуба доколку дојде до пад на нејзината вредност. Предизвик има и во однос на кредитирањето на банките врз основа на дигитални валути.

Банките позајмуваат пари за да заработат камата на парите, што во случајот на криптовалутите не може да се направи на начин кој е стабилен или безбеден како традиционалната валута. Корисниците на криптовалутите исто така треба да знаат дека употребата на дебитна картичка за криптовалути се смета за оданочена, бидејќи сопственикот на картичката технички ја продава криптовалутата додека врши трансакции со неговата дебитна картичка.

Во моментов, дебитните крипто картички се користат во ограничен обем, бидејќи има малку компании кои се занимаваат со нивно издавање и немаат доволно капацитет да издаваат повеќе картички. Coinbase формираше листа на чекање за оние кои сакаат да добијат крипто картичка. Во иднина, криптовалутите би можеле да имаат потенцијал за peer-to-peer позајмици, каде што поединците би можеле брзо и безбедно да одобруваат заеми еден на друг. Тоа е огромен простор со неискористен потенцијал. Во секој случај, крипто-пазарот ќе продолжи да се развива, отворајќи нови можности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП