19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден број на роботи во американските компании

Рекорден број на роботи во американските компании

Американските компании „вработуваат“ рекорден број роботи, па така од 1 јануари до 30 септември годинава во бизнисот биле вклучени 29.000 машини.

Во многу индустрии, побарувачката за вработени е поголема од понудата, па многу компании се свртеа кон автоматизација на бизнисот.

Континуираната голема побарувачка за производи и недостигот на работна сила, како и промените на пазарот предизвикани од пандемијата, влијаат на зголемувањето на побарувачката за роботи, јавуваат американските медиуми.

Компаниите во САД во текот на деветте месеци од оваа година „ангажирале“ голем број роботи, а тоа е зголемување за 37 отсто во однос на истиот период лани, што е повеќе во однос на рекордната 2017 година.

Компаниите не можат да најдат доволен број работници, па се тркаат во автоматизација, објаснува претседателот на Здружението за напредна автоматизација, Џеф Барнштајн.

Покрај недостигот на работна сила, роботите и автоматите во многу индустрии се покажаа како поисплатливи од човечката работа.Тоа најдобро може да се види во автомобилската индустрија, во чии погони и фабрики роботите се најзастапени, со текот на годините.

Сепак, во 2020 година, за прв пат продажбата на роботи во другите индустрии ја надмина нивната продажбата во автомобилската индустрија, а овој тренд продолжува и оваа година.

Во исто време, немаше пад на нарачките за роботи во автомобилската индустрија, напротив, имаше раст од 20 отсто, но побарувачката за роботи во другите индустрии порасна со многу поголема стапка која надмина 50 отсто.

Овие бројки јасно покажуваат што може да се очекува во иднина, во која побарувачката за роботи и автоматизација ќе расте во многу сектори и индустрии, што ќе ги забрза производните процеси, но и, барем делумно, ќе го реши недостигот на работна сила.

Според Си-Ен-Ен, за зголемената побарувачка за роботи придонесе и пандемијата, бидејќи многу компании повеќе не можат да ги вратат работниците кои ги изгубиле поради проблеми со вирусот, па се свртеле кон „роботската алтернатива“.

Поради пандемијата, многу работници останаа без работа, а роботиката ќе „затвори“ дополнителни 85 милиони работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП