26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го зголемува производството на сопствени чипови за 10 отсто

ЕУ го зголемува производството на сопствени чипови за 10 отсто

Целта на Европската комисија е до 2030-та година уделот на полупроводници и чипови произведени од европските компании да достигне 20 отсто од светскиот пазар.

Ова го изјави претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен за „Зидојче цајтунг“, говорејќи на економска конференција.

„Цели фабрики во Европа се затворени бидејќи нема доволно чипови“, потсетува таа, истакнувајќи дека продажбата на автомобили во ЕУ паднала за 25 отсто во споредба со септември 2020-та година, иако немало проблеми со побарувачката.

„Други важни сектори се исто така погодени, особено пазарот на медицински помагала и енергетски системи“, рече шефот на ЕК.

Затоа, рече таа, ЕУ ќе ги насочи своите напори кон намалување на зависноста од Азија во производството на полупроводници и чипови.

„За таа цел, ќе претставиме план во првата половина на 2022-ра година и заедно со земјите-членки ќе обезбедиме средства за негова имплементација. Сакаме да обезбедиме до 2030-та година европските производители да достигнат 20% од овој брзорастечки глобален пазар. Во моментов, нашиот удел на пазарот е 10%, што е многу малку“, рече Фон дер Лајен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП