9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„WeWork“ ја намали загубата за кварталот

„WeWork“ ја намали загубата за кварталот

Компанијата за заеднички работен простор „WeWork Inc.“ во понеделникот објави намалување на загубите на годишна основа – прв податок откако таа стана јавна компанија во минатиот месец.

Охрабрувачките резултати се должат на поголемата побарувачка во услови на олеснување на мерките за борба против коронавирусот, објави „Reuters“.

Нето загубата на „WeWork“, која по серија тешкотии излезе на берза со возило за специјална намена (SPAC) во зделка од 9 милијарди американски долари, изнесуваше 844,3 милиони долари за третиот квартал кој заврши на 30-ти септември. За споредба, една година претходно имаше загуба од 999,5 милиони долари.

Загубата беше 4,54 долари по акција за периодот во споредба со 5,51 долари една година порано. Продажбата падна за 18 отсто на 661 милион долари во кварталот, според „Bloomberg“.

Ниту една аналитичка компанија не го покрива „WeWork“ за третиот квартал, така што нема проектирани податоци со кои ќе се споредат резултатите.

Неколку минути по почетокот на трговската сесија во САД, акциите на компанијата пораснаа за 2,6%.

„WeWork“ објави дека пополнетоста на нејзините канцеларии – кои се дадени под закуп и на индивидуални и на корпоративни клиенти – е 59% заклучно со 30-ти септември. Вкупниот број на претплати на компанијата се зголемува на 578.000 од 542.000.

Пандемијата принуди многу компании да се потпрат на хибридниот модел на работа, во кој вработените имаат можност да работат од канцеларии, работни места, јавни површини или дома, што влијаеше на основната дејност на „WeWork“.

Компанијата ќе се обиде да ги намали загубите со тоа што ќе стави крај на загубата на кирии и ќе продава средства кои се незначителни за нејзината основна дејност.

Резултатот вклучува и еднократен трошок од 262 милиони американски долари, главно од оштетувања на имотот.

Од крајот на септември, портфолиото на недвижности на компанијата се состои од 764 локации во 38 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП