28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманци, внимавајте - доаѓа новиот „Genesis G90“!

Германци, внимавајте – доаѓа новиот „Genesis G90“!

Првата генерација на „Genesis G90“ – врвниот модел на премиум брендот на „Hyundai“, се појави во 2017-та година и многу брзо, најверојатно следната година, треба да излезе и наследникот на луксузната лимузина. Слики од тест прототипови на автомобилот беа објавени многу пати, а на кои седанот беше камуфлиран.

Сега, сепак, излегоа првите рендери (компјутерски визуелизации) на новиот „G90“, кои се доста импресивни.

Машината има широка решетка со тесни фарови, огромен капак, под кој се чини дека е сместен W12 мотор, како и вградени хромирани рачки на вратите. Веќе е познато дека новата генерација на „G90“ ќе биде подолга од сегашната, а површината на прозорците е значително зголемена.

Сепак, пољубопитно е што ќе има под хаубата на лимузината. Се очекува 5,0-литарскиот V8 мотор со механички компресор да му го отстапи место на 3,5-литарскиот твин-турбо V6, кој ќе развива околу 400 ks. Ќе има и хибридна верзија како и целосно електрична верзија. „G90“ ќе биде стандардно достапен со воздушно потпирање и систем за автономно возење на трето ниво.

Сето ова покажува дека корејскиот производител има намера да им постави сериозен предизвик на трите германски модели кои играат главна улога во овој сегмент – „Mercedes-Benz S-Class“, „BMW 7-Series“ и „Audi A8“.

Премиерата на новиот „Genesis G90“ ќе се одржи во пролетта 2022-ра година, кога ќе започне продажбата во Јужна Кореја и во САД. Во Европа луксузниот седан ќе се појави на крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП