24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТаксист херој од Ливерпул: бомбашот напаѓач го заклучи во автомобилот

Таксист херој од Ливерпул: бомбашот напаѓач го заклучи во автомобилот

Вчерашната експлозија во такси-возило пред болницата во Ливерпул полицијата ја квалификува како терористички напад.

Во експлозијата загина патникот во таксито, кој носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е таксистот, кој беше прогласен за херој бидејќи го заклучил патникот во возилото.

Таксистот Дејвид Пери успеал да побегне пред експлозијата, а властите нагласија дека во крајно напнатата и опасна ситуација тој постапил со неверојатна храброст.

Пери е пуштен од болница и сега закрепнува дома, пишува „Скај њуз“.

Во експлозијата загина патникот во таксито кој на себе имал експлозивна направа. Полицијата во врска со инцидентот уапси уште четворица мажи на возраст од 29, 26, 21 и 20 години.

Засега не е познат идентитетот на лицето што загина во експлозијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП